ГРК Охрид е победник на 53-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Во финалето, вечерва, Охрид ја совлада екипата на Бутел со 30:24 (полувреме 14:11)

На 53-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески, го доби признанието за најдобар голман на турнирот, а за најдобар играч беше прогласен Анте Иванковиќ.

Триумфот во Струга е одлична најава за Меѓународниот ракометен турнир Крсте Андоновски кој ќе се одржи од 19-23ти август во Охрид.

Фото галерија:

OhridNews

Фото: А.Момироска