На Интернационалната вечер на фестивалот “Охрид фест – охридски трубадури 08” ќе настапат и Deep zone & DJ Балтазар. Тие годинава ја претставуваа Бугарија на Евросонг во Белград со песната “Take me away” (“Земи ме”).
Ако се има предвид дека покрај Deep zone & DJ Балтазар, на фестивалот ќе настапи и Словенката Ребека Дремељ, како и минатогодишниот претставник на Црна Гора, Стеван Феди, може да се заклучи дека годинешните Трубадури ќе бидат како Евросонг! Фестивалот стапи во контакт и со менаџментот на Дима Билан, но поради превисокиот хонорар кој тој го побара, нема да се појави на сцената во Долни Сарај.
Од Советот на фестивалот исто така известуваат дека на 20 јуни (петок) во 11 часот, во Холидеј Ин ќе се одржи Прес конференција, на која ќе бидат соопштени имињата на учесниците во Вечерта на нови ѕвезди, во Фолк вечерта, во Поп вечерта и во Интернационалната вечер на фестивалот “Охрид фест – охридски трубадури 08”. На Пресот ќе бидат соопштени и многу други детали врзани за одбележувањето на јубилејот 15 години “Охрид фест – охридски трубадури”.
Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52650 евра Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, ...
Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа Глумецот, со своите 62 години, се ...
Целосно затемнување на Сонцето, поточно совршено порамнување на Земјата, Месечината и Сонцето во права линија, ќе се случи на 8 април и ќе биде видливо од Северна Америка Затемнувањето ќе трае чети...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.