Општината Охрид направи погрешен чекор што се согласи со плажите на нејзиното подрачје да управува државата, смета струшкииот градоначалник Рамиз Мерко. Тој вели дека од трите крајезерски општини во охридско-преспанскиот регион, само Охрид попуштил пред притисокот на централната власт. Со тоа, смета Мерко, охриѓани набрзо ќе се довеат во ситуација да бидат гости на сопствените плажи. “Ресен и Струга остануваат на порано договорениот став дека со плажите треба да управуваат општините, и мислам дека тоа е единствено логично и практично речение“, вели Мерко.

Министерството за транспорт и врски на 15 февруари распиша тендер за краткорочен закуп на плажите само за подрачјето на општина Охрид. За струшките плажи тендер не е распишан, бидејќи Општината Струга одбива да ја потшпише спогодбата за доброволен раскин на договорот за долготраен закуп на крајбрежјето склучен со поранешчната влада, врз основа на кој за уредување на плажите таа вложи околу 2 милиони евра.“Во членот три пишува дека двете странбни се откажуваат од правото на надомест на штета која би произлегла од раскинувањето на договорот, значи ние треба да се откажеме од сите тие пари што ги вложивме во уредување на плажите , смета претседавачот на стручкиот Совет, Сејфула Хани.

Струшкиот Совет, минатата недела  изгласа Декларација со која се одбива владиниот предлог. Спортед Хани, доколку државата сака да помогне во развој на туризмот во Струга може да вложи во  неуредените плажи, како и во зимскиот туризам. Општината нема да го потпише договорот за раскин на спогодбата и ќе покремне судска постапка во одбрана на плажите, рече Хани, кој обвини дека владата  процесот на децентрализација го враќа чекор назад само за да го приграби финансискиот колач од издавањето на плажите. “ Иначе нема друга причина зошто да се прави тоа. Ние инсистираме како  општини и градежното земјиште да се врати на општините, а камоли сега да се преземат контра чекори тоа што го добивме да го вратиме назад“, вели Хани.    

За разлика од Струга охридската локалана самоуправа се договори со централната власт за поделба на плажите. Како што изјави неодамна градоначалникот Петрески, локалната и централната власт постигнале договор  плажите пред хотелите да им припаднат на хотелиерите, со градските плажи да стопанисуваат охриѓани, а за останатите да се распише тендер.  

Според објавените критериуми плажите на охридското крајбрежје треба да имаат уредена инфраструктура, да бидат добро обележани на суво и во вода, и  попесочени исклучиво со афтохтон песок, а покрај  класичните угостителски услуги предвидено е да има и бежичен интернет. Рокот за пријавување на заинтересираните за изнајмување под краткорочен закуп на 8-те плажи опфатени со тендерот истекува на  22 февруари, а лицитацијата ќе се одржи на 26 март.

Г. Момироски