Иако ги имаше помалку од минатата година, гостите кои Новата 2011 година ја дочекаа на ривиерата, задоволни си одат од Охрид. Нив ги имаше неколку илјади, во главно од Македонија и од соседните земји. Најмногубројни и оваа Нова година беа туристите од Србија, повеќе организарани групи имаше од Црна Гора, како и од Бугарија.


Охрид ги оправда очекувањата на гостите

Најголемиот дел гостите беа сместени во хотелските капацитети, кои оваа Нова година беа исполнети од 60 до 90 проценти. Повеќето хотели за своите гости имаа организирано свечена новогодишна вечера, а не мал дел од нив славеа во охридските ресторани и клубови, како и на централниот плоштад, каде годинава имаше одлична атмосфера.

– Прв пат сме во Охрид и одлично поминуваме. Воодушевени сме од градот, од луѓето, од се, ни изјави девојка од Инџија, Србија, која Новата година со своето друштво ја дочека на градскиот плоштад.


Позитивни впечатоци заминуваат во Инџија

На плоштадот затекнавме и четворица пријатели од Горни Милановац, Србија, кои во Охрид втор пат слават Нова година.

-Tука бевме за дочекот во 2007 година и сега. Фантастично е. Да не беше добро сигурно нема да дојдевме по втор пат, ни изјавија веселите пријатели од Горни Милановац.


Друштво од Горни Милановац втор пат за Нова година во Охрид

Меѓу илјадниците гости имаше доста млади од Скопје и од другите македонски градови. Според нив дочекот на Новата година во Охрид е посебен.

-Прв пат славиме Нова година на плоштадот во Охрид и одлично се чувствуваме. Организацијата е прекрасна и Охрид треба само да продолжи вака, беше коментарот на друштво млади скопјани.


И на скопјани им се допадна дочекот на Нова година во Охрид

Славењето на Новата година продолжи и соноќа во рестораните, кафетериите и клубовите во Охрид, каде имаше  весела празнична атмосфера.

OhridNews