Охрид од денес до недела ќе биде домаќин на Глобалниот инвестициски самит за Македонија што го организира асоцијалцијата
„Македонија 2025“.
Главна цел на Самитот, чиј работен дел започнува утре, е да ги презентира македонските инвестициски и извозни можности пред претставниците на македонската дијаспора и останатите потенцијални инвеститори.
Предвидено е учество да земат видни бизнисмени од дијаспората, врвни професионалци од глобални корпорации, министри и претставници на македонската влада, како и успешни домашни стопанственици.
„Сметаме дека овој настан ќе биде значаен чекор кон зајакнување на врската меѓу дијаспората со македонската бизнис заедница со цел стимулирање на трговијата, инвестициите и економскиот развој“, велат организаторите.
Организацијата „Македонија 2025“ е основана во 2007 година со цел да го помогне економскиот развој на Макердонија и привлекување на странски инцестиции.