Сите понудени капацитети на охридските хотели со празничен попуст и симболична цена од само 8 евра за ноќевање се распродадени, информираат од туристичката агенција „Вис – Пој“, која заедно со „Хајба турс“ вршеше продажба на аранжманите за Водици во Охрид.

Тие велат дека предлогот на градоначалникот Александар Петрески и на здружението на граѓани „Богојавление“, бил вистински погодок. Агенциите продале празнични аранжмани на 1000 гости, а се проценува дека уште толку гости престојуваат во сопствена режија.

Туристичките работници сметаат дека со ваков пристап во следните години Охрид може да привлече  уште поголем број гости за празникот Водици, кој има традиција која е исклучително интересна за туристите.

OhridNews