Третиот камп „Ја сакам Македонија“ наменет за образование на децата од основно образование од земјите во соседството, завршува денеска во Охрид. На завршниот ден учесниците на кампот ги посети министерот за надворешни работи Никола Поповски, кој со децата поразговара за впечатоците од нивниот престој во Охрид.
-Трета година го одржуваме овој камп, со цел да го потиикнеме изучувањето на Македонскиот јазик. Ова се деца кои следеле образование на Македонски јазик во земјите каде живеат преку онлајн програите кои ги имаме и часовите кои ги посетуваат. На овој начин ги зближуваме Македонците од основното образование од целиот регион и им овозможуваме поголемо зближување со Република Македонија.-истакна министерот Поповски.
Во текот на еднонеделниот образовен камп, децата се запознаваат со културните и историски вредности на Македонија и го изучуваат Македонскиот јазик.
-На овој начин сакаме во иднина тие да ги зајакнат врските со матичната земја.-додаде Поповски.
Министерот за надворешни работи истакна дека проектот ги оправдува очекувањата и ќе продолжи да се реализира и во иднина.
Оваа година на образовниот камп во Охрид учествуваа околу 100 деца од земјите од регионот.
Г.М.