-Ми причинува посебно задоволство што меѓу збратимените градови на Охрид се зголемува бројот на оние кои се под заштита на УНЕСКО. Со градот Сафранболу имаме многу сличности во архитектурата и културно- историските споменици од различни периоди и различни цивилизации. Идната соработка ќе ја темелиме не само на културен план , туку и на економски ,со анимирање на нивни компании да инвестираат во Охрид- рече градоначалникот Александар Петрески.
-Воодушевени сме од убавините на Охрид и Охридсското Езеро. Тука видовме многу нешта кои не потсетуваат на стариот дел на нашиот град. Ветувам дека по нашето враќање во Турција ќе направиме посебна програма за нашата идна соработка. Верувајте дека кога ќе ги презентираме вашите пропагандни материјали пред нашите граѓани, голем дел од нив ќе се заинтересираат својот годишен одмор да го користат во вашиот прекрасен град- рече градоначалникот на Сафранболу Неждет Аксој.
Градот Сафранболу се наоѓа во областа Карабук која се наоѓа на стотина километри од Анкара и брегот на Црното Море. Градот има над 30 илјади жители и важи за развиен туристички и стопански центар во овој регион.
Во официјална посета на Охрид денеска престојуваше и делегација на областа Мармара – еден од најразвиените туристички региони воТурција. На средбата со претставници на општината бил поздравен интересот на општините од Мармара за соработка со Охрид, особено во областа на туризмот.