Охридскиот народен театар синоќа пред преполно гледалиште во Центарот за култура „Григор Прличев“ ја изведе претставата „Свадбата на „Итар Пејо“ од Бранислав Димитров, а во режија на Дејан Дамјановски, со која започнува новата театарска сезона во Охрид.
Во претставата настапија Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ и Билјана Билаловиќ.
Охридскиот народен театар работи на подготовка на нова премиера, која според најавите ќе биде изведена во октомври.





Започна новата сезона на Охридскиот народен театар
OhridNews