Со пригодни манифестации ќе биде одбележан 24 мај, Денот на Светите Кирил и Методиј, словенските просветители и учители на заштитникот на Охрид, Свети Климент Охридски. Денес  со почеток во 11 часот, Делегација на општина Охрид ќе положи цвеќе на споменикот на светителите во градскиот парк.


По повод празникот, точно на пладне градоначалникот Александар Петрески свечено ќе ја пушти во употреба новата спортска сала во училиштето Свети Наум Охридски во  селото Пештани.

OhridNews