Чествувањата по повод празникот, продолжуваат денеска со утринско поклонение пред моштите на Св. Климент Охридски на Плаошник и полагање свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски во ОУ„Св. Климент Охридски“. Во 11 часот и 15 минути во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена Изложбата на отпечатоци на уметнички дела од австралиски уметници „Богатството на духот“ во организација на Амбасадата на Австралија во Белград, а во 12 часот ќе има полагање свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски на Градски плоштад.
Чествувањата по повод празникот, ќе продолжат денеска со утринско поклонение пред моштите на Св. Климент Охридски на Плаошник во 9.30 часот. Час подоцна ќе има полагање свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски во ОУ„Св. Климент Охридски“. Во 11 часот и 15 минути во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена Изложбата на отпечатоци на уметнички дела од австралиски уметници „Богатството на духот“ во организација на Амбасадата на Австралија во Белград, а во 12 часот ќе има полагање свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски на Градски плоштад.
Вечерта во 19 часот во галеријата на центарот за култура е биде отворена изложба на дела од роднокрајни ликовни уметници, а во 19 часот и 30 минути во големата сала на центарот за култура ќе се одржи Свечената академија – во чест на Св. Климент Охридски- заштитникот на Охрид, на која ќе бидат врачени највисоките општински признанија, награда и повелба „Св. Климент Охридски – Патрон на градот’.
Присутните ќе имаат можност да го проследат и концертот на Драган Даутовски.
OhridNews