Поради политички недоразбирања, обвинувања и реакции, годинава нема да бидат доделени Свети Климентовите признанија. Дел од политичките партии од мнозинството во градскиот совет изразија незадоволство од изборот на добитниците на Свети Климентовите награди и признанија и најавија бојкот на свечената седница, поради што претседателот на Советот, Душко Јаковчески, донесе одлука таа да биде откажана. Во меѓувреме оставка од функцијата претседател на Комисијата за доделување награди и признанија поденесе советникот Томислав Тунтев. Опозицијата во градскиот Совет, остро реагираше на одложувањето на свечената седница, а  незадоволтвото постои и кај добитниците на признанијата. Игрите околу доделување на Свети Климентовите признанија се случуваат во отсуство на градоначалникот Петрески, кој е на службено патување во Брисел.