Со низа свечености денеска во Охрид продолжуваат чествувањата по повод патрониот празник на градот – Св. Климент Охридски.

Во Центарот за култура вечерва во 19 ч. ќе се одржи свечена академија по повод патрониот празник и 110 годишнината на ОУ “Св.Климент Охридски”. Еден час подоцна на истото место ќе биде отворена изложба на ликовни творби на поранешните и сегашните ученици од ОУ ” Св. Климент Охридски”.

Четсвувањата по повод патрониот празник на градот продолжуваат утре, кога ќе се одржи и свечената академија на која ќе бидат доделени највисоките општински признанија-наградата и повелбите Св. Климент Охридски.

Ohridnews