Фудбалерите на Охрид Лихнидос викендов на СРЦ „Билјанини извори“ убедливо го совладаа Вардар Неготино со 4:0. Стрелци на головите за Охрид беа Абдулхади Јахја, Виктор Наумовски, Давид Матески и Марко Мирчевски кому ова му беше прв погодок во сениорскиот тим.

Победи забележаа и останатите екипи од врвот на табелата со што продолжува неизвесната трка за пласман во Првата лига. Шкендија Арачиново ја совлада Слога Виница на гости 0:5. Брегалница славеше во Ресен над Преспа 0:3, а Скопје на домашен терен оствари минимална победа над Кожуф 1:0.

Колото се комплетира денеска со натпреварот помеѓу Големо Коњари и Победа.

ГФК Охрид Лихнидос  е лидер на табелата со 49 бода. Следат Шкендија Арачиново со 48, Скопје 47, Брегалница 46 и Беласица со 43 бода.

Г.М.