Во рамките на проектот „Општина без дискриминација“ Министерството за труд и социјални работи на општина Охрид и додели  Сертификат за примена и почитување на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

– Со спроведувањето на овие активности сите општини покажаа иницијатива и подготвеност за вклучување во спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и вградување на концептот на недискриминација во сите политики, програми и проекти кои се креираат на локално ниво, рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на церемонијата на доделување на сертификатите на општините без дискриминација.

Проектот е поддржан со средства од Европската унија, а реализацијата ја помогна Британскиот совет во Македонија и граѓанскиот сектор.

OhridNews