Со пригодна свеченост, во присуство на министри од владата, охридските пратеници и голем број граѓани, премиерот Никола Груевски ја пушти во употреба обиколницата ” Железничка”.


Охрид го доби својот втор булевар, доби своја обиколница, а граѓаните добија модерен  пат според сите европски стандарди. По неговата должина се изведени четири развојни станици и решение за мост. Изградбата на булеварот ” Железничка” е еден од најголемите капитални проекти на владата, во кој се инвестирани 2, 5 милиони евра. Имаше доцнење во изведувањето на градежните работи поради одредени нерешени имотно- правни спорови, но сепак како влада направивме се за што поскоро да го завршиме овој проект, истакна премиерот Никола Груевски.


Преку северната обиколница, чија должина е околу 2, 5 километри, е предвидено да транзитираат товарните возила и автобусите од меѓуградските линии, со што во голема мера ќе се растовари сообраќајот во Охрид.

Т. К.