Наскоро во Охрид ќе биде отворен ресторанот „Харбур“ – прв интернационален ресторан со азиска кујна, кој покрај фузија на гастрономски вкусови, ќе нуди внимателно селектирани вина од македонското поднебје, како и уникатни коктели.

Наскоро се отвора „Харбур“ – прв интернационален ресторан со азиска кујна во Охрид

Храната и виното во ресторанот ќе бидат послужувани од високо обучен професионален персонал.

Винската карта на почеток ќе има 58 различни вина од 12 винарии. Тринаесет од нив ќе може да се пробаат на чаша, за што е набавена посебна опрема за чување на виното. Покрај тоа ќе имаме и дегустационо мени кое ќе го подготвуваме заедно со Шефот на кујна. – вели Петар Велиќковиќ, сомелиер и менаџер во ресторанот „Харбур“.

Поглед од новиот ресторан „Харбур“

Ресторанот „Харбур“, зад кој стои угостителскиот бренд „Куба Либре“, е лоциран во еден од најубавите објекти во центарот на Охрид, зградата која порано беше седиште на фестивалот „Охридско лето“,  која поради својата архитектура и културно значење е заштитена со закон. Надворешноста на објектот автентично е обновена, а внатрешноста внимателно преуредена да одговори на концептот кој веќе 20 години го гради „Куба Либре“.

Обновена фасадата на заштитената зграда

Менито ќе биде многу кратко и едноставно. Нема да биде многу обилно, но направено е да ги задоволи потребите на сите. Ќе има 7-8 главни јадења, две јадења коишто ќе одат помеѓу стартери за прочистување на вкусот. Во концептот додаваме дегустационо мени коешто ќе содржи 7-8 корса, кои ќе бидат со фиксна цена, и е направено со таков баланс гостинот да ги внесе сите нутриционистички вредности потребни за човечкиот организам, а кои треба да ги содржи една вечера или ручек. – открива Шеф Зоран Богдановски.

За концептот и понудата на првиот интернационален ресторан на Охридското крајбрежје екслузивно за OhridNews говорат сомелиерот и менаџер Петар Велиќковиќ и Шеф Зоран Богдановски.

Охрид го добива првиот ексклузивен интернационален ресторан

Г. Момироски
Фото/видео: А. Момироска