Вториот локален еколошки акционен план – ЛЕАП за општина Охрид ќе се најде пред советниците на седницата во петок.

Овој стратешки документ го изработи специјализирана консултантска куќа во соработка со Координативно тело за изработка на ЛЕАП-от составено од експерти од различни области.

Според најавите документот ќе биде поддржан oд советниците, според кои ЛЕАП-от е од исклучително значење за одржливиот економски равој на општината.

– Локалниот еколошки акционен план, доколку знае да се цени, е врвен документ за општина од типот на Охрид која својот економски развој треба да го темели на туризмот како основна гранка. Во таквата перспектива токму инвестициите во животната средина и  развојот на зелена економија треба да бидат главни двигатели во економијата и туристичката политика на Охрид. Штетата е што во моментов без визија се гледа на Охрид, но сепак доаѓа време кога новите визии ќе го донесат економскиот пресврт во управувањето со Охрид и ќе обезбедат и здрава средина и напредок, вели – Дејан Пановски,  член на Советот на Општина Охрид.

Обврската за донесување на ЛЕАП произлегува од Законот за животна средина, а во согласност со Националниот еколошки акционен план. ЛЕАП документот  општината го донесува врз основа на оцената на своите специфични состојби и потреби, и тој има важност за период од шест години.

Првиот ЛЕАП на Општина Охрид беше донесен во 2002 година.

OhridNews