Со пригодна свеченост, што ќе се одржи денеска во големата сала на општината во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистишка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Охрид и Дебрца и Општина Охрид, ќе биде одбележан 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.

На свеченоста што ќе започне во 10 часот, предвидено е да се обратат градоначалникот Александар Петрески и претседателот на општинскиот одбор на Сојузот на борци на Охрид и Дебрца, Гоце Георгиевски.

Утре, на денот на празнувањето, делегации на општина Охрид и Сојузот на борци на Охрид и Дебраца ќе положат свежо цвеќе пред Спомен-обележјата на НОВ.

OhridNews