На празникот Св. Јован, традиционално во месноста Сараиште“ ќе се одржи манифестацијата „Денот на рибарите“. Ќе се подготвува рибна чорба, која ќе се служи бесплатно како и греана ракија, вино, пача. Присутните ќе ги забавува ансамблот „Билјана Јуниор“.

Традиционално на овој ден охриѓани се капат во езерските води за здравје заедно со тајфата на фаќачот на светиот крст.

Свеченостите на Сараиште започнуваат во 12 часот.

OhridNews