По неколкудневните ниски температури и врнежи од дожд, денес во Охрид преовладуваше сончево и потопло време.

За многумина тоа беше причина, слободниот празничен  ден да го поминат во прошетка и на кафе муабет во рестораните и кафулињата во градот.



Според прогнозите на синоптичарите, сончевото и потопло време ќе се задржи и во текот на наредните два дена, кога дневните температурите ќе достигнат до 21 степен Целзиусов.

Дестабилизирање и врнежи од дожд се очекуваат во петок кога ќе има повторно опаѓање на дневната температура до 11 степени, а минималната ќе се движи околу вториот степен.

OhridNews