Десетици млади животи згаснаа во борбите за ослободување на Охрид што партизанските одреди ги водеа со фашистичкиот окупатор на 7-ми Ноември 1944 година. Благодарение на нивното херојството 68 години подоцна Охрид е слободен град, туристичка, културна и духовна мека.


Денот на ослободувањето на Охрид ќе биде одбележан со бројни свечености. Во употреба ќе бидат пуштени повеќе локални улици и патишта. На овој ден патрон празник одбележуваат ЈП „Охридски Комуналец“, како и детстаката градинка „Јасна Ристеска“, каде денеска во употреба ќе бидат пуштени нови простории. По тој повод ќе бидат донирани повеќе наменски средства, обезбедени преку продажната хуманитарна акција на фотографии од проектот „Охрид град на цвеќето“.

Слават и медиумите. Радио Охрид го одбележува 55-oт роденден, а Супер Радио го слави 20-от роденден. По тој повод во изминатите три дена на фрекфенцијата од 97 FM течеше радиски маратон за нов Гинисов рекорд.

Свеченостите ќе бидат заокружени со изложба на уметникот Теофил Дамјановски, кој одбележува 55 години творечки опус.

Изложбата започнува во 19 часот.

OhridNews