Уште едно Европско првенство беше и помина. Охрид требаше да живее за и со кошарката, но охриѓани растрчани кој на автобуска, кој кај чинарон, кој кај банкана по туристи кои годинава и тоа како го заобиколуваат македонскиот бисер, заборавија на 11- те национални селекции од Европа кои допатуваа во Охрид.
Неизбежен е фактот дека и организаторот (КФМ) не посвети доволно (читај ич) внимание на рекламата, но факт е дека и никој од локалната власт не се појави во “Билјанини Изоври“ ако не барем да види како тече Европското првенство кое се игра во Охрид.
“Нели Охрид, не е Париз па и ако нема патокази може човек да ја пронајде салата“. Изостана традиционалниот прием на земјите учесники кај градоначалникот, а никој од Општината не се појави на доделувањето на наградите.
Не сакам така да помислам, но скопјани (КФМ) како да беа оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат во Охрид. Дали едно Европско првенство, било тоа и младинско, заслужи ваков однос од градот домаќин, е прашање на кое некој од надлежните во локалната самоуправа треба да даде одговор.
Вардар го совлада Охрид 33:31 во дерби натпреварот од 3 коло од Супер лигата Вечерва во Скопје „Гладијаторите“ бодрени од верните „Рибари“ одиграа неизвесен натпревар во кој на крај победа славеше ...
Во Втората фудбалска лига викендов на програмата е 5 коло ГФК Охрид Лихнидос, попладнево на СРЦ „Билјанини извори“ ја пречекува екипата на Кожуф од Гевгелија која во моментов е лидер на табелата со...
Викендов се игра третото коло во ракометната Супер лига Екипата на Охрид му гостува на Вардар во Скопје Натпреварот се игра денеска од 18:00 часот во арената „Борис Трајковски“ По првите две кола О...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.