Во Куќата на Уранија- Научно одделение на МАНУ, вечерва градоначалникот Јован Стојаноски, на Жан Патрик Конрад од Велика Британија му ја врачи годинешната Светска награда за хуманизам. Одлуката за доделување на наградата ја донесе Интернационалното жири на Охридската академија на хуманизамот, со која претседава Јордан Плевнеш. Добитникот Жан Патрик Конрад е професор на Империјал Колеџ од Лондон и претседател на Европската академмија на науките, уметностите и книжевностите. 

–Годинашниот лауреат на Светската награда за хуманизам, господинот Жан Патрик Конрад, кој се вредува во врвот на светската научна и духовна мисла, од вечерва го чувствуваме како наш сограѓанин кој низ светот ќе ја шири многувековната охридска приказна. Господинот Конрад е дванаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градотна УНЕСКО, ќе ги овенча нобеловците Александар Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел де Оливеира, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот. – рече градоначалниот Јован Стојаноски.

Заблагодарувајќи се лауреатот Жан Патрик Конрад рече дека да се биде хуманист значи нешто да се направи со љубов и се што луѓето можат да создадат. 

-Како што сите знаеме, постоеле големи средновековни школи на хуманизмот, од кои најпозната е таа на Св.Климент Охридски – ученикот на Свети Кирил и Методиј, кој проповедаше цивилизација на љубов и разбирање и кој чувствуваше носталгија за единство на културите на човештвото. Гледано во овој контекст, хуманозмот зазема целосно ново значење. Интерконекциите помеѓу различните гранки на знаење, повеќе не се само за уживање, радост и задоволство. Тие стануваат суштински начин за адаптирање на ссопственото однесување кон светот во кој сме вткаени и ја цениме улогата на овој вид разбирање за опстанок на нашиот сопствен вид. – рече Патрик Конрад.

Претседателот на Интернационалното жири на Светската академија за хуманизам со седиште во Охрид, Јордан Плевнеш, рече дека продолжувањето на традицијата на Светиклиментовата школа на хуманизмот од Охрид ќе се шири кон сите страни на светот. 

– Вие ја имате таа магична духовна моќ, да верувате дека љубовта може да го спаси светот, оти само Вие знаете да ја претворате физиката во метафизика, во астрофизика, во нуклеарна физика. Во време во кое владее глобалната тиранија на парите, Вие, со Вашите научни дела, со Вашите предавања на триесеттина светски универзитети, во Вашите романи, драми и стихови. Од вечерва Вам Ви припаѓа Светската награда за хуманизам за 2018 година и Охрид Ве запишува во својата епохална меморија. Не заборавете да го спомнете центарот на светскиот хуманизам. Нарекувајте се Жан – Патрик од Охрид, градот, кој за разлика од сите центри на моќ што се закануваат дека ќе го уништат, верува дека со љубов може да го спаси светот. – рече Јордан Плевнеш. 

На свеченоста беше истакнато дека ќе се интензивираат активностите за поставувањето на обележје на Светската академија на хуманизмот, на просторот на малиот плоштад, кај Долна Порта, чиј автор е бугарскиот академик Светлин Русев, еден од добитниците на Светската награда за хуманизам. 

OhridNews