На Првиот меѓународен саем за вино и туризам што деновиве се одржа во Александровац – Жупа во Република Србија , Охрид учествуваше како град- партнер.


Во рамките на саемот , на штандот на Охрид , се одржа посебна видео- презентација и дегустација на квалитетни македонски вина. Пред бројните посетители, меѓу кои имаше амбасадори и видни јавни личности , беа претставени туристичките потенцијали на Охрид и можностите за развој на алтернативни форми на туризам.


Презентацијата на туристичките потенцијали на Охрид  и вината од охридската и винаријата  „Сковин“ предизвика интерес кај медиумите, туристичките агенции  и учесниците на саемот.

Во натпреварувачкиот дел на Саемот , винаријата „ Сковин“ освои три сребрени медали за нивните квалитетни сортни вина.

OhridNews