Во Александровац, Република Србија, се одржа седмиот по ред Меѓународен саем на вино „ЖУПА 2018“, на кој што Охрид беше град партнер. Саемот беше организиран под покровителство на општина Александровац, а учество зедоа над шеесет винарии од Србија, Македонија, Црна Гора, Бугарија и  Румунија, како и туристички работници и агенции од регионот.

За Охрид како туристичка дестинација со богато културно наследство и традиционална понуда за регионалните пазари на соседните држави, ваквите регионални манифестации претставуваат извонредна можност за туристичка промоција, реализација на деловни активности и воспоставување на партнерска соработка, потенцираат од локалната самоуправа.

Имајќи во вид дека активниот туризам, во кој секако спаѓа и винскиот туризам, претставува туристичка гранка која на пазарите секоја година добива се поголемо внимание и значење. Промоцијата на Охридскиот регион и угостителската понуда на регионални и локални вина во туристички цели претставува можност која треба да се развива и во иднина поинтензивно да се промовира, додаваат од локалната самоуправа.

OhridNews