Охрид и СРЦ “Билјанини Извори“ не се во комбинација за домаќини за еден од неколкуте квалификациски турнири во младинските категории кои УЕФА и ги додели на Македонија.


Македонија ќе биде домаќин на квалификациската група во која ќе играат Украина, Швајцарија, Казахстан и Македонија, а ќе се одржи од 10-15 Ноември 2011г.  Во квалификациите за фудбалери под 17 години Македонија е во група со Шкотска, Турција и Сан Марино, а турнирот ќе се одржи од 24-29 Октомври 2011г.

Од ФФМ велат дека слабата инфраструктура на Градскиот стадион во Охрид е една од главните причини поради која “Билјанини Извори“ не се во план за овие меѓународни натпревари.


При посетата на редовното годишно собрание на ОФС Охрид, генералниот секретар на ФФМ Игор Клипер напомена дека во Федерацијата постои заинтересираност, но дека е потребен заеднички проект во кој учество би зеле ФФМ, охридската локална самоуправа и ЈП “Билјанини Извори“.

Покрај ова Македонија ќе биде домаќин и на прелиминарната рунда за жени , А-репрезентација. Како и и на два квалификациски турнири за девојчиња до 17 и 19г.  Ваквите одлуки на УЕФА доаѓаат како признание за одличната организација на ЕП за девојчиња до 19 г. кое оваа година се одржа во Скопје и Куманово.

М.П.