Пеколните горештини продолжуваат и денеска. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи на првиот календарски дел од летото времето ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. На планините со мала до умерена локална облачност Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 30 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 9.

Многу топло време со темепартури над 30-от степен ќе имаме и утре, но на места се можни краткотрајни врнежи од дожд. Поголемо освежување се очекува во недела, кога дневната температура ќе се движи во интервал од 29 до 36 степени.

OhridNews