Велосипедскиот Клуб Екодром, со поддршка на општина Охрид и СВР Охрид, престојниот викенд 27-28.10.2012 година, го организира Големото Финале, односно последните два велосипедски натпревари.

Се информираат граѓаните дека во сабота на 27.10 со почеток во 12:00 часот, пред Античкиот театар ќе се одржи натпревар во планински велосипедизам на патеката Лихнид. За таа цел Сообраќајот низ стариот дел на градот од 11:30 до 15:00 ќе биде во прекин на улиците:
–    Илинденска
–    Христо Узунов
–    Климентов Универзитет
–    Кочо Рацин
–    Кузман Капидан

Во недела на 28.10 со почеток  во 14:00 часот на ул.Маршал Тито пред хотел Палас ќе стартува последниот натпревар во друмски велосипедизам Трофеј Благо Мостро. За таа цел сообраќајот низ централното градско подрачје од 13:30 до 17:00 часот ќе биде во преќин на улиците:
 
–    Маршал Тито
–    Партизанска
–    Јане Сандански од Гимназија до Езеро
–    АСНОМ од Езеро до Факултетот за Туризам
–    Димитар Влахов
–    Македонски Просветители од Алфа Банка до Езеро

Граѓаните кои во овој период ќе имаат потреба да користат моторно возило, ги молиме претходно да го паркираат на останатите улици на кои сообраќајот се одвива нормално.

Истовремено ја користиме оваа прилика, да ги поканиме граѓаните на Охрид, да не удостојат со присуство како публика и да ги бодрат велосипедистите во натпреварите.

Ohridnews