Делегацијата беше примена од страна на градоначалникот Александар Петрески , при што била изразена подготвеност за интензивирање на соработката меѓу Охрид и Каен во областа на културата, уметноста, урбанизмот и архитектурата. На средбата било предложено двете страни да се заложат за отворање на авионска чартер линија со што би се промовирала и соработката во областа на туризмот.
Во рамки на неколкудневната посета, гостите од Франција ќе ги посетат најважните културно- историски знаменитости во Охрид, а ќе се организираат и посебни работни средби меѓу претставниците на локалните администрации на двата града.