Соработката , што ја иницираа градоначалникот Александар Петрески и градоначалникот на Каен и пратеник во парламентот на Нормандија Филип Дурон , започна уште во 2009 година. Двајцата градоначалници , по нивните први средби , го иницираа одржувањето на Фестивалот на францускиот филм во Охрид.
Со потпишувањето на протоколот за збратимување , соработката ќе се продлабочува во областа на туризмот, локалниот економски развој, образованието и учество во заеднички проекти со другите партнерски градови.
Во рамките на посетата во центарот на Каен беше извршена презентација на Охрид , како најразвиен туристички и културен центар во Република Македонија , ставен под заштита на УНЕСКО.