Граѓанската иницијатива Мрдни со прст продолжува со активностите за покревање на јавната свест за индивидуалниот придонес и одговорност при решавање на општествените прашања со кои граѓаните се соочуваат во своето секојдневие.
Во рамките на еко велосипедската рекреативна тура “Tour De lakes” која во еден ден ги обедини Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Галичица, 150 велосипедисти и бројни љубители на велосипедизмот и забавата, деновиве, презедоа активности со цел зачувување на животната средина и собирање на отпадот на 150 и 90 км стази и охридските плажи.
Велосипедистите беа опремени со специјални ранчиња во кои тие можеа да го сочуваат својот отпад во текот на возењето, а по завршувањето на долгиот предизвик се придружија на околу 600 посетители на почетната точка од турата на охридската плажа „Кј Дивоно” на само еден километар од Охрид, каде преку забава ја чистеа плажата и уживаа во прекрасниот празничен ден покрај Охридското Езеро. Активностите продолжија во Крушево, каде Мрдни со прст ги размрда посетителите на фестивалот “Outdoor festival When in Krushevo”
Мрдни со Прст продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. „Ти си на потег” како слоган на кампањата го повикува секој граѓанин да даде своја идеја, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.
OhridNews











