Македонија долго не беше во фокусот како туристичка дестинација. Главниот град Скопје има извесен отомански шарм, а Охридското Езеро е дестинација за која од туристите стигнуваат само пофалби во суперлатив, пишува „Бизнис“, потенцирајќи ја убавината на православните цркви со кои е опкружено езерото.
Прекрасниот Охрид нуди одлична храна и забава за туристите. И Скопје и Охрид имаат свои аеродроми кои се менаџирани од турскиот оператор „ТАВ“, додава магазинот во декемвриското издание.
Меѓу останатите дестинации кои се препорачуваат се Флоријанополис во Бразил, белгискиот град Антверпен, Колумбија, Алжир, сириската престолнина Дамаск, Шри Ланка, Брасиликана во Италија, Чикаго и Тајван.