На официјалната фејсбук страница на светската волонтерска акција Earth Hour (Часот на планетата Земја), денеска, беа објавени фотографии и текст со кои се промовираше учеството на нашата земја во ова светско случување.
Освен текстот, беа објавени и шест фотографии од исклучените локации во Охрид и Скопје, кои се споделени со целиот свет, односно 950.000 фанови кои оваа организација ги има на својата фејсбук страница.
Вака изгледаше Охрид на одбележување на Часот на планетата Земја
Во текстот се вели дека желбата на Македонија за да се направи промена на нашата планета е голема, а во продолжение е напишано дека голем број познати личности од Македонија и регионот се вклучија во акцијата и ги исклучија своите светилки, што придонесе градот Скопје да ја награди со титулата “Најдобра еколошка акција за 2014 година“.
Иако првично бевме напишани под уставното име, сепак политиката и проблемите со нашиот јужен сосед придонесоа името од Македонија да биде сменето FYROM.
Часот на планетата Земја претставува акција која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да испрати силна порака за спас на планетата Земја од климатските промени. Македонија по петти пат се вклучи во акцијата каде се исклучи осветлувањето на голем број локации во Скопје, Охрид, но и во останатите градови низ Републиката.
OhridNews