На саемот за туризам во Брисел, што се одржува деновиве, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот успешно ги претстави туристичките потенцијали на Македонија.

На саемот биле остварени и средби со повеќе тур-оператори и новинари кои се заинтересирани за инфо тури во Македонија, соопштуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од каде истакнуваат дека се надеваат и на понатамошна успешната соработка со “ЈетАир ” како и нејзино интензивирање во наредните години.

– Константната и фокусирана промоција на Македонија како атрактивна туристичка дестинација на Белгискиот пазар претставува сериозна активност во доближувањето на природните, културните, традиционалните и историските вредности на Македонија, а со тоа и привлекување на потенцијални туристи од Белгија. Активности кои се преземаат и упорната работа на тимот во Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, како и владините мерки ќе дадат резултати во зголемување на бројот на странски туристи”, изјавуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

OhridNews

извор: Макфакс