Под мотото „Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА“, охриѓани денеска уште еднаш ќе застанат зад својата сограѓанка Јана Арсовска која се бори со тешка болест и итно и е потребна помош. Во Центарот за култура „Григор Прличев“, вечерва со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи голем хуманитарен концерт на кој ќе настапат: Фолтин, Владимир Четкар, Камелеон и Ѓоко Танески.

Влезниците по цена од 300 денари се продаваат во Music Shop ZZ Top, тезга „Аждер“ – Градска чаршија и на каса пред концертот.

33-годишната Јана Арсовска од Охрид, веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Охрид е хуман, Охрид може и знае како! Доколку не сте во можност да дојдете на хуманитарниот концерт помош може да донирате на следните начини:

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на:

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

OhridNews