Со богослужби и верски обичаи во Охрид и охридско денеска се одбележува празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат уште и како Голема Богородица.
Утрово во црквата Св. Богородица – Каменско се одржа света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичесвки г. Тимотеј.
По повод празникот кај црквата посветена на Мајката Божја во Скребатно се одржува голем црковно народен собир. Неколку илјади верници и граѓани присуствуваат на одбележувањето на празникот кое утрово започна со богослужба и вадење на иконите од црквата Св. Богородица.
И годинава се одржа традиционалното наддавање за крстот, на кое беа собрани поголема сума парични средства кои ќе бидат искористени за надградба и одржување на светиот храм и излетничкото место.
Веќе петнаесетина години црковните одбори во кои членуваат повеќе истакнати граѓани по потекло од скребатскиот крај трпеливо го надградуваат црковното место кое од година во година привлекува се поголем број постители. Црквата целосно е возобновена пред 5 години на темелите на стариот храм, кој со точност не се знае од кога потекнува. Скребатно за прв пат во пишан документ се спомнува во 1583 година.
На темелите на вековната традиција денешните генерации не само што ја чуваат верата и обичаите туку претставуваат и вистински пример како треба да се сака и надградува едно свето место. Тоа мошне убаво го констатира и професорот Ѓорѓе Марјановиќ во една своја поранешно колумна во „Дневник“:
„Ми се чини дека Скребатно и неговите селани се образец што Македонија треба да го следи; дека, кога луѓето имаат добра волја да направат нешто за општо добро (а не само за својот личен или партиски интерес), тоа можат извонредно да го изведат. Ние, за жал, на сите страни гледаме алчни недомаќини, заинтересирани само за својата “промоција”, а не ретко и за својот џеб. Не сум многу сигурен дека примеров со Скребатно ќе поправи нешто во “македонцките работи”, но не можев а да не посведочам со восхит за него. А, пак, кој знае, можеби некој, некаде, можеби и само од инает, ќе фати да го следи. А – би вредело, верувајте! – пишува во својата колумна „Скребатно“, професорот Марјановиќ.
Се работи на стабилизација на косите и земјиштето на автопатот Кичево-Охрид со сложени инженерски и градежни зафати кои за прв пат се изведуваат во регионот за целосна доизградба и ставање во функц...
„Убавините на езерото, градот и спортот“ е насловена првата самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче – Скитник што ќе биде отворена во петок, 26-ти декември, со почеток во 19 часот во Млади...
Познатиот угостителски бренд „Кадмо“ утре, 23 декември, одбележува 19 години постоење со голема роденденска забава и попуст на целото мени од 50% За забава во вечерните часови ќе се погрижат Јана С...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.