Редовна автобуска линија од Охрид кон поголемите градови од земјите од соседството, како што се Софија, Тирана, Белград има. Но, и покрај големиот интерес на охриѓани за воспоставување на редовна линија кон Грција, особено кон Солун – еден од најпосетените градови во текот на летната сезона но и вон сезоната, за скоро време нема да се реализира.

Како што информира  раководителот на секторот за патнички сообраќај при АД „Галеб“, Димитар Василевски, покрената е иницијатива за автобуска линија кон Грција, но засега нема изгледи за нејзино брзо реализирање.

– Поради спорот со името меѓу Грција и Македонија тешко е да се разменат дозволи за редовна линија кон Грција. Иаме покренато постапка, поднесено е барање за сезонска линија, но сеуште е во постапка и изгледа така и ќе остане , вели Василевски.

Засега во соседна Грција охриѓани може да отпатуваат со сопствено возило или како дел од туристичка група .

OhridNews