Петнаесетина билборди на кои се презентирани туристичките потенцијали на Македонија се поставени на повеќе места во главниот град на Косово,Приштина. Граѓаните се пријатно изненадени од ваквиот начин на реклама и тоа што првпат се случува Македонија да се рекламира на овој пазар. Билбордите ќе останат еден месец, а се презентирани различни културни и природни реткости на Македонија. За косовските граѓани остануваат Струга и Охрид како најпосакувани дестинации, информираат од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот


Агенцијата во допис до медиумите ги отфрла нападите на општинската организација на СДСМ изнесени на вчерашната прес конференција за промашената кампања и лошата туристичка стратегија.

– Па зар вие имате право да зборувате за туризам – што му направивте на Охрид дали сте свесни со вашето владеење на локално ниво? Секоја зелена површина ја претворивте во зграда, дури и хотелите почнавте да ги претворате во згради? Паркинзи претворате во згради? Една катна гаража немате во Охрид (погледнете пример од градоначалникот Заев од Струмица ако не од други). Уништувате дрвореди, се пред себе и вие зборувате за туризам. За се ви е другиот крив. – реплицираат од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот.

Оттаму посочуваат дека Владата преку нејзините институции вложува во туризмот што резултира со доаѓањето на холандските туристи во Македонија, како и  организирано доаѓање на руски туристи во земјата, зголемениот број на туристи кои доаѓаат од Израел и.т.н Оттаму уверуваат дека догодина  на Охридскиот аеродром ќе слетуваат се повеќе чартери од различни дестинации од светот и ги повикуваат критизерите на заедничка соработка ,закако што се наведува,  доброто на туризмот.

OhridNews