Локалните самоуправи на општините Охрид и Струга работаат транспарентно. Ова е оценката добиена врз основ на извршените истражувања на Центарот за стратегиски истражувања и документација Форум.

Како клучни критериуми за оценување на транспарентноста се земени навременото објавување на одлуките на општината во службен гласник, информирањето на локалните медиуми за одлуките на општината, слободниот пристап на медиумите и граѓаните до информациите, редовното ажурирање на веб страната на општината, како и дали постои отворена канцеларија за односи со јавноста.


Во интерес на истражувањето е контактирано со општините преку испратен прашалник, а при теренските истражувања направени се анкети со претставници на локалните медиуми, невладините организации, граѓаните и фирмите кои имале искуство на соработка со општините.

Инаку, од вкупно 85 единици на локалната смаоуправа, 21 општини немаат веб страници.


Резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани во публикација во која ќе бидат посочени добрите и лошите примери на транспарентност, како и најчестите ранливи точки во поглед на транспарентноста.

Како што беше истакнато на денешната прес- конференција, на која за резултатите од истражувањето зборуваа извршниот директор на Форум-ЦСИД Слаѓан Пенев и истражувачот Александар Писарев, ќе биде изготвена и листа на најтранспарентни и најнетранспарентни општини во државата.  

OhridNews