Делегација од германскиот град Визмар, денеска оствари работна средба со претставници на Секторот за туризам и локален економски развој и заменик-градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев.

Заклучокот од средбата е дека двата града треба заеднички да соработуваат и настапат со проектни апликации до сите сите европски фондови, меѓу кои оние на УНЕСКО и ИПА за преку-гранична соработка со Република Албанија.

Инаку, стариот дел на германскиот град Визмар е под заштита на УНЕСКО како културно историско наследство.

OhridNews