Празнувањето на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ и почетокот на Народноослободителната борба,, во Охрид денеска продолжи со полагање свежо цвеќе пред спомениците на борците од НОБ.

Делегации на Општина Охрид, ОО на Сојузот на борците, пратеници во Собранието на Македонија, претставници на политичките партии на повеќе локации во градот положија свежо цвеќе и се поклонија пред великаните на НОБ.

11 Октомври свечено се одбележува во целата држава, а централната манифестација се одржа во Куманово.

OhridNews