Охрид има математички бисер – Марко Томоски меѓу најдобрите во светот!
23.02.26 10:33
Голем успех за Охрид и за Македонија – младиот охриѓанец Марко Томоски освои бронзен медал (Bronze Honour) на престижниот International Youth Math Challenge 2025, натпреварувајќи се во категоријата до 16 години, иако има само 12 години.
Финалната рунда на натпреварот се одржа на 17 февруари 2026 година, во конкуренција од околу 9.800 учесници од целиот свет. Со освоени 23 поени, Марко се пласираше меѓу топ 7% од сите учесници глобално и меѓу топ 60% од финалистите, резултат што добива уште поголема тежина ако се земе предвид дека се натпреварувал со ученици до четири години повозрасни од него.
Со овој успех, тој го освои и престижното 2. Национално место за Македонија, потврдувајќи дека станува збор за еден од најперспективните млади математичари во земјата.
Марко веќе интензивно се подготвува за нов предизвик – учество на меѓународна математичка олимпијада која ќе се одржи во Ахшабат, во Туркменистан, во периодот од 8 до 13 април 2026 година, каде повторно ќе ја претставува Македонија на светската сцена.
Неговиот талент беше препознаен уште минатата година кога стана државен првак по математика за 6-то одделение во Македонија, што беше јасен сигнал дека пред него стои блескава иднина.
Математиката е моја страст и најголем предизвик. Сакам да напредувам, да учам од најдобрите и гордо да ја претставувам Македонија. Ова е само почеток, вели младиот охридски шампион.
Со вакви резултати на само 12 години, Охрид добива уште една причина за гордост, а Македонија – нова надеж на математичката сцена.
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид, под мотото „ЗДРАВ ЖИВОТ, ЗДРАВО СРЦЕ“ о...
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по ОСМИ пат ќе се оби...
Утрово припадници на Министерство за внатрешни работи на Граничниот премин Блаце го уапсија поранешниот вицепремиер Артан Груби Денеска (23022026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на вле...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.