Охрид има математички бисер – Марко Томоски меѓу најдобрите во светот!
23.02.26 10:33
Голем успех за Охрид и за Македонија – младиот охриѓанец Марко Томоски освои бронзен медал (Bronze Honour) на престижниот International Youth Math Challenge 2025, натпреварувајќи се во категоријата до 16 години, иако има само 12 години.
Финалната рунда на натпреварот се одржа на 17 февруари 2026 година, во конкуренција од околу 9.800 учесници од целиот свет. Со освоени 23 поени, Марко се пласираше меѓу топ 7% од сите учесници глобално и меѓу топ 60% од финалистите, резултат што добива уште поголема тежина ако се земе предвид дека се натпреварувал со ученици до четири години повозрасни од него.
Со овој успех, тој го освои и престижното 2. Национално место за Македонија, потврдувајќи дека станува збор за еден од најперспективните млади математичари во земјата.
Марко веќе интензивно се подготвува за нов предизвик – учество на меѓународна математичка олимпијада која ќе се одржи во Ахшабат, во Туркменистан, во периодот од 8 до 13 април 2026 година, каде повторно ќе ја претставува Македонија на светската сцена.
Неговиот талент беше препознаен уште минатата година кога стана државен првак по математика за 6-то одделение во Македонија, што беше јасен сигнал дека пред него стои блескава иднина.
Математиката е моја страст и најголем предизвик. Сакам да напредувам, да учам од најдобрите и гордо да ја претставувам Македонија. Ова е само почеток, вели младиот охридски шампион.
Со вакви резултати на само 12 години, Охрид добива уште една причина за гордост, а Македонија – нова надеж на математичката сцена.
Фудбалерите на Охрид на стартот од пролетниот дел од сезоната ја совладаа Беласица на гостувањето во Струмица изминатиот викенд и ја задржаа првата позиција на табелата во Втората лига Стрелец на п...
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на е...
Ракометарите на Охрид утре во рамки на 22-коло од ракометната Супер лига гостуваат кај екипата на Тинекс Пролет По победата над Дукла Прага утре ни следува натпреварот против Тинекс Пролет Знаеме д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.