Природниот прираст во Охрид во вториот квартал од годинава е 8 лица. За толку бројот на живородените деца е поголем од бројот на починатите, соопшти Државниот завод за статистика.

Статистичките податоци покажуваат дека во второто тримесечје од 2014 година во Охрид се родиле вкупно 144 новороденчиња, а починале 136 лица. За истиот временски период 61 пар од Охрид стапил во брак, а биле евидентирани вкупно 13 разводи.

Инаку на ниво на Македонија природниот прираст во вториот квартал од годинава изнесува 1.039 лица. Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2014 година во споредба со истиот период лани е поголем за четири проценти и изнесува 5.809, а бројот на умрените бележи зголемување од 2,6 отсто и изнесува 4.770 лица од кои 48 се доенчиња.

Склучувањето на браковите во истото тримесечје бележи намалување за 0,1 отсто во споредба со истиот период во 2013-та и изнесува 3.313. Опаднал и бројот на разведените за два отсто во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број е 538.

OhridNews