Природниот прираст во Охрид во третиот квартал од годинава е 9 лица. За толку бројот на живородените деца е поголем од бројот на починатите, соопшти Државниот завод за статистика.

Статистичките податоци покажуваат дека во третото тримесечје од 2014 година во Охрид се родило 151 новороденче, а починале 142 лица. За истиот временски период 146 парови од Охрид стапиле во брак, а биле евидентирани и 7 разводи.

Инаку на ниво на Македонија природниот прираст во третиот квартал од годинава изнесува 1.844 лица,

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 1% и изнесува 6.377 живородени деца. Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2014 година бележи намалување од 0,7% во споредба со истото тримесечје од 2013 година и изнесува 4.533 лице.

Во ова тримесечје биле склучени 4.392 бракови, што е за 0,6% повеќе од бројот на бракови во истиот период од 2013 година. Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број изнесува 506.

OhridNews