Секојдневните грижи барем за една вечер остануваат пред врата. Во сабота, 24 октомври, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид пристигнува „На терапија со Ананас“ – стендап-шоу со нов материјал и екипа подготвена за вечер исполнета со смеа. Почетокот е во 20 часот.

На сцената ќе настапат Син на мајка и 1Човек, со специјалниот гостин Модернизам и Ренесанса, а на охридската „терапија“ ќе им се придружи и Никола Братучед како локална поддршка.

Според организаторите, повеќе од 1.500 посетители го проследиле шоуто изминатиот викенд во Кавадарци, Прилеп, Битола и Гевгелија. Следна станица на турнејата е Охрид, каде публиката ја очекуваат нови шеги и поинакво бегство од секојдневието.
За посетителите се подготвени и дополнителни изненадувања. Секој ќе добие ваучер од 500 денари од ANANAS, а оние што ќе пристигнат порано ќе можат да ги дегустираат производите на GORDION во лобито, пред почетокот на настапот.
Билетите се достапни на ticketplus.com.mk. Доколку останат непродадени билети, тие ќе може да се купат и на билетарницата на влезот пред настапот.
OhridNews | Promo











