Бараж средбите за опстанок односно влез во Првата лига ќе се играат во Кичево и Штип. На градскиот стадион под Исарот ќе се сретнат Дрита и Еуромилк, а во Кичево екипата на Скопје со Пелистер. Натпреварите се играат на 12 јуни со почеток во 16:30 часот.
Шампионото од југозападниот регион во Третата лига, Кораб против Борец под „Тумбе Кафе“ ќе брка влез во Втората лига додека другите двојки ги сочинуваат Баби – Зајас и Тиверија – Албарса.