Со голем огномет  точно на полноќ Охрид го одбележа доаѓањето на Новата 2011 година. И покрај студеното време во одлична атмосфера na градскиот плоштад неколку илјади граѓани и  гости ја дочекаа Новата година, која им ја честиташе градоначалникот Александар Петрески. Весело е и во кафулињата, рестораните, дискотеките и хотелите каде забавата по традиција трае до раните утрински часови.

Екипата на OhridNews ви пожелува Среќна Нова година, со желби за многу здравје и успех.


OhridNews