По повод прославата  на денот на холандската Кралица во Охрид, на забавата која станува традиционална и претставува можност за натамошно зближување на Холандија и  Охрид, беше присутна и aмбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија, Нејзината eкселенција Marriet Schuurman.

Таа оствари средба со претставникот на Општина Охрид Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој на која присуствувал и заменик амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е. Gert Kampman. На средбата било изразено задоволството од одличната соработка помеѓу Општина Охрид и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, со искрена желба таа соработка да се прошири и унапреди.

-Оваа соработка трае подолго време и резултира со  враќањето на холандските туристи во Охрид и континуирано зголемување на нивниот број. Се разбира во целата ова успешна приказна голем удел имаше и општината, односно градоначалникот Александар Петрески, како и  субјекти од туризмот на локално и национално ниво- секој во својот домен, истакна Балески.

Холандската амбасадорка искажала благодарност за реализација на проектот “Холандски парк во Охрид”, реализран во соработка со Локалната самоуправа. Ова катче го симболизира традиционалното повеќедецениско пријателство помеѓу Охрид и холандските туристи, кои повторно од минатата година се меѓу најбројните на ривиерата.

OhridNews